Електрични машини и трансформатори

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Електрични машини и трансформатори

2.    Код

3ФЕИТ02Л007

3.    Студиска програма

ЕЕС, ЕЕУМ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

II/4

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Крсте Најденкоски

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Стекнати знаења за принципите на работа и функционирањето на електричните машини и трансформатори. Оспособеност за избор на мотори, генератори и трансформатори, според нивното место во електроенергетскиот систем, како и способност за анализа на нивните карактеристики. Познавање на методите за испитување на електрични мотори, генератори и трансформатори.

11.    Содржина на програмата: Вовед во електромеханичко преобразување на енергијата. Материјали за изработка на електричните машини и трансформатори. Загуби на моќност и коефициент на полезно дејство. Загревање и ладење. Животен век. Основни електромагнетни појави во машините. Израз за индуциран напон. Електромагнетен вртлив момент. Магнетни напони и магнетно поле во машините. Машини за еднонасочна струја. Режим на мотор и генератор. Карактеристики на машините на еднонасочна струја со различен начин на возбудување  Биланс на моќност и енергетски дијаграм. Машини за наизменична струја. Асинхрони и синхрони генератори и мотори. Конструктивни карактеристики. Фазорски дијаграми и синхрони реактанси. Услови за приклучување во паралелна работа. Трансформатори. Видови на трансформатори. Конструкција – магнетен и електричен систем. Дефиниција на преносен однос. Математички модел на трансформатор. Празен од, оптоварување и куса врска. Трифазни трансформатори. Шеми и групи на соединување. Тронамотни трансформатори.

12.    Методи на учење: Интерактивни предавања, аудиториски и лабораториски вежби.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

0

16.3. Домашно учење

105

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

0

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

100

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Комплетно реализирани активности 15.1 и 15.2.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и студентски анкети.

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

А.Е.Фитџералд. Чарлс Кингсли

Електрични машини

McGraw-Hill

2002

2

B. S. Guru, H. R. Hiziroglu

Електрични машини и трансформатори

Oxford University Press

2000

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

James H. Harlow

Енергетски трансформатори

CRC Press

2003

2

R.Ramshaw

Конверзија на енергија: електрични мотори и генератори

The Oxford Series in Electrical and Computer Engineering

1995