Електрични машини во системи за обновливи извори на енергија

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Електрични машини во системи за обновливи извори на енергија

Код: 3ФЕИТ02006

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Влатко Стоилков

Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на предметот, кандидатот ќе се стекне со знаења за примената на електричните машини и трансформатори во современите системи за обновливи извори на енергија базирани на вртлива и статичка конверзија на енергијата. Студентот ќе се стекне со компетенции за анализа, проектирање, динамика, моделирање и примена на електричните машини во системите за ОИЕ.

Содржина на предметната програма: Принципи на конверзија на енергијата на ветрот во електрична енергија. Видови електрични машини наменети за ОИЕ. Одлики на обновливите извори на енергија. Одлики на ЕМ наменети за ОИЕ. Ефикасност на искористувањето на ОИЕ. Статистичка анализа на параметрите на ОИЕ потребни за избор на ЕМ и трансформатори. Модели на одделните ЕМ при стационарен режим на работа. Транзиентни модели на ЕМ наменети за ОИЕ. Примена на симулациски софтверски алатки за анализа на ЕМ во ОИЕ. Одлики на проектирањето на ЕМ наменети за ОИЕ. Економика на ОИЕ базирани на различни видови ЕМ. Управување на ЕМ во ОИЕ со примена на класични и неодредени (fuzzy logic) методи.