1. Наслов на наставниот предмет | Електрични мерења на неелектрични величини | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ03Л002 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕПМ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Марија Чундева-Блајер | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Основи на електротехника | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со мерните системи и елементите на мерните системи за неелектрични величини. Стекнување знаења за основни сензорски технологии и методите за мерење на различни неелектрични величини по електричен пат. Запознавање со процесни и мониторинг системи. Стекување способност за примена на современа виртуелна инструментација и компјутерска техника за мерења на неелектрични величини. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед во електричните мерења на неелектрични величини. Примена на мерни системи. Елементи на мерен систем. Избор на соодветен мерен уред или систем. Развој и поделби на сетилата за мерење неелектрични големини по електричен пат. Основни сензорски технологии. Импедансни сетила. Генераторски сетила. Фреквециски сетила. Оптички сетила. Микросензори и специјални технологии во сензорска техника. Паметни сензори. Мерен шум. Обработка на мерни сигнали. А/Д конверзија. Пренос на мерни сигнали на далечина. Мерење на механички големини (димензии, поместување, брзина при транслација и ротација, забрзување, маса, сила, момент на сила, напрегање, притисок). Мерење на звук, бучавост и вибрации. Мерење на брзина, проток и ниво на флуиди. Мерење на влажност. Мерење на температура. Мерење на радијација. Системи за процесни мерења и мониторинг системи. Современа виртуелна инструментација и компјутерска техника за мерења на неелектрични величини. | ||||||||
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и лабораториски вежби | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 30 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 10 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | редовно присуство на предавања и изработени лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 90 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит преку презентација и одбрана на проектна работа (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влeгуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит и бодови од присуство на часови. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, се спроведува завршен устен испит преку презентација и одбрана на проектна работа (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит. Студентот треба да изработи и одбрани проектна работа задача. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Rosemary Taylor | Data Acquisition for Sensor Systems | Springer | 2010 | ||||
2 | Gerard Meijer | Smart Sensor Systems | John Wiley & Sons Ltd. | 2008 | ||||
3 | Alan Morris | Measurement and Instrumentation Principles | Butterworth-Heinemann | 2001 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Марија Чундева-Блајер | Електрични мерења на неелектрични величини | Интерна скрипта-ФЕИТ, Скопје | 2020 | ||||
2 | М. Чундева-Блајер, К. Демерџиев | Уптаство за лабораториски вежби по Електрични мерења на неелектрични величини | Лабораториски практикум-ФЕИТ, Скопје | 2020 |