1. Наслов на наставниот предмет | Електрични мрежи | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ09Л006 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕС | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | II/4 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Мирко Тодоровски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Основи на електротехника, Основи на електрични кола | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со елементите на електричните мрежи и нивните заменски шеми. Оспособеност за примена на методологии за решавање на радијални и сложени затворени мрежи, како и избор и димензионирање на елементи од мрежите. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Област на изучување. Задача на електричните мрежи (ЕМ). Поделба. Облици на ЕМ. Елементи на ЕМ и нивни заменски шеми. Товари. Сведување. Релативни единици (pu). Решавање на вод. Загуба на напон и моќност. Решавање на радијални и сложено затворени мрежи. Класични и матрични постапки. Димензионирање на ЕМ. Регулација на напоните и реактивните моќности во ЕМ. Загуби на енергија во ЕМ. Техно-економски анализи. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 20 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на предавањата и вежбите. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Два парцијални испита (по 120 min) или завршен испит (120 min). Студентот треба да ги изработи предвидените домашни и проектни задачи и истите да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. Завршната оценка се определува поените добиени од испитите, домашните и проектните задачи според соодветните тежински коефициенти. За време на испитите е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Р. Ачковски, М. Тодоровски | Електрични мрежи | ФЕИТ-Скопје | 2017 | ||||
2 | Р. Ачковски | Преносни и дистрибутивни системи | ЕТФ-Скопје | 1995 | ||||
3 | Р. Ачковски | Високонапонски мрежи и системи | ЕТФ-Скопје | 1995 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Р. Ачковски, М. Тодоровски | Збирка задачи од областа на преносните и дистрибутивни системи | ФЕИТ – Скопје | 2007 |