Електроенергетски уреди

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Електроенергетски уреди
2. Код 4ФЕИТ02З008
3. Студиска програма КХИЕ,КСИАР
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/5, IV/7 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Горан Рафајловски
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Основи на електротехника
10. Цели на предметната програма (компетенции). Оспособеност и компетентност во областа на примената на електроенергетските уреди (ЕЕУ) во електроенергетиката и електрониката. Компетентност при оптимален избор на соодветна индустриска апликација
11. Содржина на програмата: Теорија на електромеханичко претварање на енергијата во електроенергетските уреди ЕЕУ. Теоретски основи на Трансформаторите, машините на еднонасочна струја (МЕС), машините на наизменична струја. (МНС). Видови, поделба, конструктивна изведба и примена на ЕЕУ. Основни равенки, енергетски дијаграми, раборни карактеристики. Улога на Трансформаторите и Генераторите во Електроенергетскиот систем. ЕЕУ за искористување на Обновливите извори на енергија. Интелегентни ЕЕУ за штедење на електрична енергија. Енергетска ефикасност на ЕЕУ. Моделирање на динамиката на ЕЕУ со помош на МАТЛАБ/СИМУЛИНК софтверскиот пакет. Основни поими за Регулација на брзината, положбата, моментот, напонот на ЕЕУ. Анализа и Синтеза на регулационите кругови и избор на соодветен ПИД регулатор за оптимална регулација. Основни поими на векторска регулација на асинхроните мотори/генератори. Поим за адаптивна регулација и регулација со помош на модели (обсервери). Практични испитувања на работните карактеристики на ЕЕУ
12.Методи на учење Активно следење на наставата, предавањата и вежбите (лабораториски и аудиториски), усвојување на наставната материја со домашно учење
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 45
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 30
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 20
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 50
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно следење на наставата (предавања и вежби односно реализирани активности под точка 15 и 16)
20. Начин на полагање на испитот Проверката на знаењата на студентите се врши континуирано преку тестови, домашни задачи, проектни задачи и семинарски работи. Задолжителна презентација на семинарските трудови. Остварените резултати се изразуваат во поени. Конечната проверката на стекнатите знаења се врши преку писмен односно усмен испит.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна Евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Горан Рафајловски Електрични Мотори (динамика и управување) Универзитет Кирил и Методиј Скопје УКИМ 2012
2 Goran Rafajlovski, Mihail Digalovski Induction Motors Dynamics and Vector Control Scholar’s Press, Saarbrücken, Germany 2015
3 T. Kenjo Electric Motors and their control Oxford University press 2012
4 Фитџералд, Кингсли Електрични Машини McGraw-Hill 2010
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Bose B.K Power Electronic and AC Drives Prentice Hall, Englewood Cliffs, N.J 1986
2 JMD Murphy & FG Turnbull Power electronic control of AC Motors Pergamon Press 2008