1. Наслов на наставниот предмет |
Електротермиска конверзија |
2. Код |
4ФЕИТ06Л003 |
3. Студиска програма |
ЕАОИЕ |
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии |
5. Степен |
Прв циклус студии |
6. Академска година / семестар |
III/6 |
7. Број на ЕКТС |
6 |
8. Наставник |
Д-р Снежана Чундева |
9. Предуслов за запишување на предметот |
Положени: Основи на електротехника |
10. Цели на предметната програма (компетенции). Да се разберат и објаснат принципите на електротермиска конверзија, електротермиските технологии и постројки, конструктивни и експлоатациони особености на електротермиските постројки. Оспособеност за избор на електротермиска постапка и електротермиска постројка, како и за нивно користење и управување. |
11. Содржина на програмата: Електротермиска конверзија на енергијата. Пренос на топлина. Директно електроотпорно загревање. Индиректно електроотпорно загревање. Електромагнетни ефекти во проводна средина. Индукцино загревање на метали. Високофреквентно диелектрично загревање. Загревање со електричен лак. Загревање со плазма. Загревање со електронски сноп. Мерење на температурата и регулација. |
12.Методи на учење Предавања – Power Point презентации и на табла |
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 1 + 1 + 0 |
14. Распределба на расположивото време |
180 |
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
30 |
16.2. Самостојни задачи |
10 |
16.3. Домашно учење |
65 |
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
10 |
17.2. Семинарска работа/проект |
10 |
17.3. Активност и учење |
5 |
17.4. Завршен испит |
75 |
Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
од 51до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
од 61до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
од 71до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
од 81до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
од 91до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Посетеност на настава и реализирани активности 15.2, 16.1, 16.2 |
20. Начин на полагање на испитот |
Континуирана проверка на знаењето. Во текот на семестарот се предвидени 2 парцијални испити, секој во времетраење не подолго од 90 минути. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, домашните задачи и извештаите од лабораториските вежби. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред, освен калкулатор. |
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски |
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
самоевалуација |
23. Литература |
23.1. Задолжителна литература |
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Снежана Чундева |
предавања од електротермиска конверзија |
интерна скрипта |
2021 |
23.2. Дополнителна литература |
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Серџо Лупи |
Fundamentals of Electroheat |
Springer |
2017 |