1. Наслов на наставниот предмет | Елементи на автоматизација и роботика | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ01Л004 | |||||||
3. Студиска програма | КСИАР | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | II/4 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Весна Ојлеска Латкоска, Д-р Владимир Димчев | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Физика 1 Ислушани: Мерења во електротехника |
|||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Целта на предметот е да ги запознае студентите со основните елементи за автоматизација и роботика, сетила и извршни елементи, нивни типови и начини на употреба. Со успешно завршување на предметот студентите ќе бидат оспособени да можат да вршат мерења со различни типови на сетила, да ги обработуваат добиените сигнали и да можат да проектираат системи за управување со едноставни извршни елементи. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед во сетила и преобразувачи и нивни заеднички карактеристики. Сетила за мерење поместување и позиција: отпорнички, индуктивни и капацитивни. Дигитални преобразувачи за мерење аголни поместувања (енкодери). Методи за мерење аголнo поместување и брзина. Сетила и методи за мерење механичка сила и напрегање. Мерење на температура, отпорнички сетила, термопарови, радијациона термометрија. Мерење притисок во течности и гасови. Мерење брзина и проток на течности. Сетила во роботика: акцелерометри и жироскопи. Извршни елементи: еднонасочни електромотори, чекорни мотори, наизменични електромотори. Хидраулични и пневматски системи. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 20 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Предвидени се два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, со времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите, како и проектни задачи, кои се презентираат/бранат за време на семестарот. 1. Студентите кои ги положиле парцијалните испити, се смета дека го положиле завршниот писмен испит. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите, и проектните задачи. 2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (со времетраење од 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите, и проектните задачи. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Christopher T. Kilian | Modern Control Technology–Components & Systems | Delmar | 2002 | ||||
2 | Владимир Димчев | Елементи на автоматизација и роботика | ФЕИТ – интерна скрипта | 2015 | ||||
3 | Група автори | Практикум за лабораториски вежби | ФЕИТ – интерна скрипта | 2015 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | William C. Dunn | Fundamentals of Industrial Instrumentation and Process Control | McGraw-Hill | 2005 | ||||
2 | Jacob Fraden | Handbook of Modern Sensors Physics Designs and Applications | Springer | 2004 |