Елементи на автоматизација и роботика

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Елементи на автоматизација и роботика
2. Код 4ФЕИТ01Л004
3. Студиска програма КСИАР
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар II/4 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Весна Ојлеска Латкоска, Д-р Владимир Димчев
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Физика 1 
Ислушани: Мерења во електротехника
10. Цели на предметната програма (компетенции). Целта на предметот е да ги запознае студентите со основните елементи за автоматизација и роботика, сетила и извршни елементи, нивни типови и начини на употреба. Со успешно завршување на предметот студентите ќе бидат оспособени да можат да вршат мерења со различни типови на сетила, да ги обработуваат добиените сигнали и да можат да проектираат системи за управување со едноставни извршни елементи.
11. Содржина на програмата: Вовед во сетила и преобразувачи и нивни заеднички карактеристики. Сетила за мерење поместување и позиција: отпорнички, индуктивни и капацитивни. Дигитални преобразувачи за мерење аголни поместувања (енкодери). Методи за мерење аголнo поместување и брзина. Сетила и методи за мерење механичка сила и напрегање. Мерење на температура, отпорнички сетила, термопарови, радијациона термометрија. Мерење притисок во течности и гасови. Мерење брзина и проток на течности. Сетила во роботика: акцелерометри и жироскопи. Извршни елементи: еднонасочни електромотори, чекорни мотори, наизменични електромотори. Хидраулични и пневматски системи.
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење.
13. Вкупен расположив фонд на часови 2 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 20
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 50
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби
20. Начин на полагање на испитот Предвидени се два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, со времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите, како и проектни задачи, кои се презентираат/бранат за време на семестарот.
1. Студентите кои ги положиле парцијалните испити, се смета дека го положиле завршниот писмен испит. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите, и проектните задачи.
2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (со времетраење од 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите, и проектните задачи.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Christopher T. Kilian Modern Control Technology–Components & Systems Delmar 2002
2 Владимир Димчев Елементи на автоматизација и роботика ФЕИТ – интерна скрипта 2015
3 Група автори Практикум за лабораториски вежби ФЕИТ – интерна скрипта 2015
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 William C. Dunn Fundamentals of Industrial Instrumentation and Process Control McGraw-Hill 2005
2 Jacob Fraden Handbook of Modern Sensors Physics Designs and Applications Springer 2004