Енергетска електроника

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Енергетска електроника
2. Код 4ФЕИТ05З021
3. Студиска програма КХИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/5 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Љупчо Караџинов
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со основните компоненти во енергетската електроника и основните структури на енергетските електронски кола, принципите на работа и карактеристиките на разни видови електронски преобразувачи на електрична енергија (насочувачи, инвертори, еднонасочни преобразувачи и наизменични преобразувачи), како и методите на нивната анализа и испитување. Оспособување за користење на основните електронски енергетски преобразувачи при моделирање и решавање на конкретни проблеми во инженерството, како и за успешно следење на наставата од предметите прекинувачки извори за напојување и проектирање енергетски конвертори.
11. Содржина на програмата: Вовед, класификација, концепти, примена. Енергетски електронски елементи – електронски вентили: основни поими и основни карактеристики. Неуправувани насочувачи – (диодни кола). Мрежно-управувани насочувачи и инвертори. Автономни инвертори. Преобразувачи на еднонасочна енергија во еднонасочна. Статички прекинувачи. Преобразувачи на наизменична енергија во наизменична – регулатори на напон, преобразувачи на фреквенција. Заштита на компонентите и колата во енергетската електроника.
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 15
16.3. Домашно учење 90
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 40
17.2. Семинарска работа/проект 10
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 40
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изведени и колоквирани лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот

Два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, времетраење 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит.

Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит.

За време на испитот (не) е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Гоце Арсов Основни кола во енергетската електроника ФЕИТ – интерна скрипта 2000
2 Daniel Hart Power Electronics McGraw-Hill 2010
3 Mohan, Undeland, Robbins Power Electronics – converters, applications and design, 3rd edition Wiley 2007
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Muhammad H. Rashid Power Electronics: Circuits, Devices & Applications, 4th Edition Pearson 2013
2 Muhammad H. Rashid Power Electronics Handbook, 4th edition Butterworth-Heinemann 2017
3 Robert W. Erickson, Dragan Maksimović Fundamentals of Power Electronics, 3rd edition Springer 2020