Енергетска политика и безбедност

Објавено: март 13, 2019

Предмет: Енергетска политика и безбедност

Код: 3ФЕИТ02008

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Горан Рафајловски

Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно завршување на овој предмет, кандидатот ќе се запознае со глобалните текови на светската и европската политика по однос на енергијата и безбедноста. Ќе се оспособи за самостојно анализирање и оценка на енергетско безбедностите состојби и влијанија во регионот и пошироко.

Содржина на предметната програма: Улогата на Меѓународната агенција за обновливи извори на енергија (International renewable energy agency) или ИРЕНА формирана од преставници на Влади од преку 100 држави меѓу кои и Р.Македонија во глобалната енергетска политика. ИРЕНА како надополнување или пак противтежа на Интернационалната Агенција за Енергетика (IEA) и Интернационална Агенција за Атомска Енергија (IAEA). Енергетска Сигурност на ЕУ и улогата на Балканот. Балканот како поле на енергетско-политичко влијание меѓу Русија од една страна и САД и ЕУ од друга. ЕУ и земјите од Југоисточна Европа: Мултилателарни договори во новата заедница на демократски држави – Договор за создавање на Енергетска Заедница  на земјите од ЈИЕ (Treaty Establishing the Energy Community). Стратегија на ЕУ и САД за енергетска независност и улогата на Кавкаскиот Регион и Турција Хармонизирање на енергетската регулатива, јакнење на доверба и регионална оработка на полето на електрична енергија и гас и идното интегрирање во заедничкиот пазар на ЕУ.

Литература:

Задолжителна литература        
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Al Gore Earth in Balance Ecology and Human spirit Houghton Miftlin Co Boston 92
2 E.s Casedy, P.S. Grossman Introduction to Energy Cambridge University Press 98
Дополнителна литература        
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Daniel Yergin Energy Security and the remaking of the modern world Penquin 2012 2012
2 Goran Rafajlovski Energy policy of the EU the role of western balkan Proceedings of the International Conference on Information Technologies (InfoTech-2014 2014