Енергетски аспекти на ветерни електрични централи

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Енергетски аспекти на ветерни електрични централи

Код: 3ФЕИТ04005

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Софија Николова-Поцева

Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на овој курс студентот стекнува знаења за начините на искористување на енергијата на ветерот за енергетски цели. Студентот е оспособен за користење на современи методи за краткорочно предвидување на произведената електрична моќност од ветерни електрични централи.

Содржина на предметната програма: Турбуленции и препреки на ветерот. Ефект на забрзување. Нерамност на тлото. Ефект на бразда. Вертикална распределба на брзината на ветерот. Модели за анализа на податоците на ветерот. Проценување на расположивиот енергетски потенцијал на ветерот на потенцијална локација. Моделирање на енергетска карактеристика на ветерна турбина. Развој на модел на енергетска карактеристика на цела ветерна електрична централа составена од различни типови на ветерни турбини. Методи за одредување на произведена електрична енергија од ветерна турбина. Формулација на проблемот на предвидување на производството на електрична моќност од ветерна електрична централа (ВЕЦ). Методи за краткорочно предвидување на произведената електрична моќност од ВЕЦ. Дефинирање на соодветен протокол за евалуација на методите за предвидување  на производството од ВЕЦ. Анализа на различни сценарија на распоред на ветерните турбини во ветерна електрична централа и нивна споредба од аспект на очекуваното производство на електрична моќност. Комбинација на ветерни електрични централи со конвенционални електрични централи (термоелектрани, акумулациони хидроелектрани и пумпно акумулациони хидроелектрани).

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Gary L.JohnsonWind Energy SystemsElectronic Edition, Manhattan, KS2006

2

Santhyajith MathewWind Energy: Fundamentals, Resource Analysis and EconomicsSpringer2006

3

Vaugh C. NelsonWind energy: Renewable Energy and the EnvironmentTaylor & Francis Group2009

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Mukund R. PatelWind and Solar Power Systems: Design, Analysis and Operation, Second EditionTaylor & Francis2005

2

T.Burton, D.Sharpe, N.Jenkins, E.BossanyiWind Energy HandbookJohn Wiley & Sons2001