1. | Наслов на наставниот предмет | Енергетски аспекти на ветерни електрични централи | ||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ04004 | ||||||||||
3. | Студиска програма | 1-ОИЕ, 4-ЕЕ | ||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | ||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | ||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | |||||||
8. | Наставник | Д-р Софија Николова-Поцева | ||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | |||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
По завршување на овој курс студентот стекнува знаења за начините на искористување на енергијата на ветерот за енергетски цели. Студентот е оспособен за користење на современи методи за краткорочно предвидување на произведената електрична моќност од ветерни електрични централи. |
|||||||||||
11. | Содржина на програмата:
Турбуленции и препреки на ветерот. Ефект на забрзување. Нерамност на тлото. Ефект на бразда. Вертикална распределба на брзината на ветерот. Модели за анализа на податоците на ветерот. Проценување на расположивиот енергетски потенцијал на ветерот на потенцијална локација. Моделирање на енергетска карактеристика на ветерна турбина. Развој на модел на енергетска карактеристика на цела ветерна електрична централа составена од различни типови на ветерни турбини. Методи за одредување на произведена електрична енергија од ветерна турбина. Формулација на проблемот на предвидување на производството на електрична моќност од ветерна електрична централа (ВЕЦ). Методи за краткорочно предвидување на произведената електрична моќност од ВЕЦ. Дефинирање на соодветен протокол за евалуација на методите за предвидување на производството од ВЕЦ. Анализа на различни сценарија на распоред на ветерните турбини во ветерна електрична централа и нивна споредба од аспект на очекуваното производство на електрична моќност. Комбинација на ветерни електрични централи со конвенционални електрични централи (термоелектрани, акумулациони хидроелектрани и пумпно акумулациони хидроелектрани). |
|||||||||||
12. | Методи на учење:
Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, самостојна изработка на проектни задачи. |
|||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | ||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | ||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | ||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | ||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | ||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | ||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | ||||||||||
17. | Начин на оценување | |||||||||||
17.1 | Тестови | 30 бодови | ||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | ||||||||||
17.3. | Активност и учење | 20 бодови | ||||||||||
17.4. | Завршен испит | 0 бодови | ||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | |||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | |||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | |||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | |||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | |||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | |||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | 60% успех од сите предиспитни активности | ||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот може да се полагаат тестови. Предвидено е исто така изработка на семинарска работа или проектна задача. Во конечната оценка влегуваат поените од тестовите и од семинарската работа или проектната задача. |
||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | ||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | ||||||||||
23. | Литература | |||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | |||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||||||
1. | Santhyajith Mathew | Wind Energy: Fundamentals, Resource Analysis and Economics | Springer | 2006 | ||||||||
2. | Vaugh C. Nelson | Wind energy: Renewable Energy and the Environment | Taylor & Francis Group | 2009 | ||||||||
3. | Gary L.Johnson | Wind Energy Systems | Electronic Edition, Manhattan, KS | 2006 | ||||||||
23.2. | Дополнителна литература | |||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||||||
1. | T.Burton, D.Sharpe, N.Jenkins, E.Bossanyi | Wind Energy Handbook | John Wiley & Sons | 2001 | ||||||||
2. | Mukund R. Patel | Wind and Solar Power Systems: Design, Analysis and Operation, Second Edition | Taylor & Francis | 2005 |