Енергетски ефикасни безжични системи

Објавено: февруари 11, 2019

Предмет: Енергетски ефикасни безжични системи

Код: 3ФЕИТ10008

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Зоран Хаџи-Велков

Цели на предметната програма (компетенции): Разбирање на концептите на енергетската и спектрална ефикасност на комуникациски систем. Способност за системски дизајн на енергетски автономни безжични системи и на енергетски ефикасни безжични системи

Содржина на предметната програма: Енергетска ефикасност во ИКТ. Енергетска ефикасност во безжични системи. Радио простирање и карактеризација на безжичен канал. Извори на енергија за автономни уреди (соларни, ветерни, радио-фреквентни). Прибирање и складирање на електрична енергија (батерии и супер-кондензатори). Безжичен пренос на енергија и информација. Далечинско полнење на комуникациски и сензорски јазли. Безжично напојувани комуникациски мрежи. Енергетски автономен безжичен систем. Дизајн и оптимизација на енергетски ефикасни комуникациски системи и мрежи.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1K. Samdanis, P. Rost, A. Maeder, M. Meo, C. VerikoukisGreen Communications: Principles, Concepts and PracticeWiley2015
2E. Hossain, V.K. Bhargava, G.P.FettweisGreen Radio Communication NetworksCambridge University Press2012