Предмет: Енергетски електронски компоненти и преобразувачи
Код: 3ФЕИТ05008
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови:3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Љупчо Караџинов
Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на овој предмет, кандидатот ќе се стекне со познавања за основните компоненти, кола и уреди кои се користат во енергетската електроника, како и компетенции за проектирање и реализација на енергетски ефикасни преобразувачи на електрична енергија и системи кои се применуваат во индустријата и домаќинствата.
Содржина на предметната програма: Класификација на енергетските електронски компоненти и преобразувачи. Преглед на модерните електронски енергетски елементи и нивните основни својства. Диодни еднофазни и повеќефазни насочувачи. Мрежноуправувани еднофазни и повеќефазни насочувачи и инвертори. Четириквадрантни насочувачи. Еднофазни и трифазни автономни инвертори. Принцип на работа на напонските и струјните инвертори и нивна основна примена. Еднонасочни преобразувачи – тиристорски чопери, снижувач на напон, повишувач на напон и универзален преобразувач. Вовед во резонантни преобразувачи. Еднонасочни, еднофазни и трифазни статички прекинувачи. Наизменични преобразувачи – регулатори на напон, преобразувачи на фреквенција со природна и присилна комутација. Матрични преобразувачи. Вовед во основните принципи на заштита на енергетските електронски компоненти и преобразувачи – разладни тела, кола за придушување, напонска и струјна заштита. Преглед на примената на системите на енергетската електроника: непрекинати извори за напојување, драјвери за dc мотори, dc серво драјвери, драјвер за индукционен мотор, уреди за загревање и ладење, var компензација, инретконекција на хидро и ветрогенератори. Оптимизација на врските кај системите од енергетската електроника.
Литература:
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Гоце Љ. Арсов | Основни кола во енергетската електроника | интерна скрипта, ФЕИТ–Скопје | 2000 |
2 | Mohan N., Undeland T, Robbins W. | Power Electronics – Converters, Applications and Design, 3-rd Ed. | Wiley | 2007 |
3 | F. L. Luo, H. Ye, M. H. Rashid | Digital Power Electronics and Applications | Elsevier Academic Press | 2006 |
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | R. W. Erickson, D. Maksimovic, | Fundamentals of Power electronics, 2nd edition | Springer | 2001 |
2 | Philip T. Krein | Elements of Power Electronics | Oxford University Press, New York | 2009 |
3 | Ewald F. Fuchs, Mohammad A.S. Masoum | Power Conversion of Renewable Energy Systems | Springer | 2011 |