| 1. | Наслов на наставниот предмет | Енергија и климатски промени | |||||||||||
| 2. | Код | 4ФЕИТ12003 | |||||||||||
| 3. | Студиска програма | 3-ЕЕС, 14-ЕСОР, 17-РЕЕКС | |||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
| 6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
| 8. | Наставник | Д-р Наташа Марковска | |||||||||||
| 9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на длабински знаења за двигателите на енергетска транзиција со холистички пристап кон енергетските технологии и иновации, техно-економските перспективи и социјалните аспекти. Покрај научни и стручни знаења, во оваа програма ќе се поттикнуваат и развиваат комуникациски и презентациски вештини, особено пишување на трудови за научни конференции и списанија. | ||||||||||||
| 11. | Содржина на програмата: 1. Климатски сценарија и Интегрирани модели за проценка. Договорот од Париз и националните придонеси, Целите за одржлив развој, Европскиот зелен договор; Социо-економски патеки, наративи (зелен раст, зелен договор, без раст), сценарија, социо-економски и околински цели, политики и мерки. 2. Емисии на стакленички гасови од енергетски системи и мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови. Сценарија за намалување на емисиите на стакленички гасови – технички анализи и социо-економски импликации; Околинска и економска оценка на енергетските политики и мерки (крива на маргинални трошоци), пресметка на ко-продобивките (работни места, здравствени ефекти и сл.), компаративни анализи и приоретизација на оптимални политики и мерки; Патокази за декарбонизација и Национални планови за клима и енергија. 3. Декарбонизација на енергетиката. Енергетско планирање базирано на часовни анализи и симулации со моделот EnergyPLAN – планирање на паметни енергетски системи преку интеграција на енергетските сектори (електрична енергија, греење и ладење, индустрија и транспорт). 4.Одржлив развој. Методологии за споредба и мерење на одржливоста – метрика и индикатори, повеќе-критериумски анализи, синергии и компромиси по различни димензии и нивна квантификација; Енергетска политика во функција на одржливиот развој – сигурно снабдување со енергија, ублажување на климатските промени, шеми за поддршка на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, даноци за емисии, ограничувања и тргување со емисии; Зелена економија и подобро владеење – зелени работни места и иновации, регионален развој, искоренување на сиромаштијата, раздвојување на растот од ресурсите; Mеѓусекторски анализи (на пример, енергија-вода, вода-храна, енергија); Макроекономски анализи, трендови и проекции, финансиски и регулаторни механизми. | ||||||||||||
| 12. | Методи на учење: Предавања со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни и самостојни задачи. | ||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
| 15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
| 16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
| 16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
| 16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
| 17. | Начин на оценување | ||||||||||||
| 17.1 | Тестови | 40 бодови | |||||||||||
| 17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | |||||||||||
| 17.3. | Активност и учење | 10 бодови | |||||||||||
| 17.4. | Завршен испит | 0 бодови | |||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
| од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
| од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
| од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
| од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
| од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно присуство на предавањата/консултациите | |||||||||||
| 20. | Начин на полагање на испитот | Устен испит | |||||||||||
| 21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
| 22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | |||||||||||
| 23. | Литература | ||||||||||||
| 23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
| Ред. број | Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
| 1. | Меѓувладин панел за климатски промени – Третата работна група за ублажување на климатските промени | Шести извештај за оценка | Меѓувладин панел за климатски промени | 2022 | |||||||||
| 2. | Меѓувладин панел за климатски промени | Специјален извештај: Глобално затоплување од 1,5°C | Меѓувладин панел за климатски промени | 2018 | |||||||||
| 23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
| Ред. број | Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
| 1. | Релевантни трудови од списанијата: Renewable & Sustainable Energy Reviews, Energy, Energy Reports, Smart Energy, Applied Energy, Energy Policy и други | Елсевир | |||||||||||
| 2. | Меѓународна агенција за обновлива енергија (ИРЕНА) | Релевантни студии и извештаи | ИРЕНА | ||||||||||
 
			
