Физика 1

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Физика 1

2.    Код

3ФЕИТ08З016

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

I/1

7.    Број на ЕКТС

7.00

8.    Наставник

Д-р Верка Георгиева, Д-р Лихнида Стојановска-Георгиевска, Д-р Маргарита Гиновска, Д-р Христина Спасевска

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Користење на основните физички законитости при решавање на основните проблеми од инженерството.

11.    Содржина на програмата: Вовед во физиката. Кинематика: елементи на движењето, праволиниско движење, криволиниско движење. Динамика: Њутнови закони, импулс, работа и енергија, закони за запазување. Динамика на вртливо движење: момент на инерција, момент на импулс, аналогија помеѓу транслаторно и вртливо движење. Релативистичка механика: Галилееви трансформации, Лоренцови трансформации и последици, релативистичка енергија. Осцилации: просто хармониско осцилаторно движење, сложување на осцилации, придушени и присилни осцилации. Механички бранови и акустика: равенка на бран, стојни бранови и интерференција, звучни бранови. Основи на механика на флуиди. Структура на материјата и топлински појави: молекуларно-кинетичка теорија, топлинско ширење, равенка за состојба на идеален гас. Термодинамика: основни термодинамички закони, термодинамички процеси, топлински машини.

12.    Методи на учење: Предавања, презентации, аудиториски и лабораториски вежби

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

210

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

60

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

20

17.4. Завршен испит

60

18.    Критериуми за оценување

до 49 бодови

5 (пет) (F)

од 50 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изработени лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Вера Георгиева

Предавања по предметот Физика 1

ФЕИТ, УКИМ

2015

2

М. Гиновска, Х. Спасевска, Л.С. Георгиевска

Предавања по предметот Физика 1

ФЕИТ, УКИМ

2015

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Џ. Сервеј

Физика за научници и инженери

Thomson Books

2004

2

П. Типлер

Физика за научници и инженери

Worth Publishers

1999