1. Наслов на наставниот предмет | Форензика на мрежи | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ10З030 | |||||||
3. Студиска програма | ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Марко Порјазоски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Интернет технологии или Комуникациски технологии или Комуникациски технологии и протоколи во електроенергетиката или Основи на дигитални телекомуникации | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со различни методи на истражување при појава на криминал во комуникациските мрежи. Кандидатите ќе бидат оспособени за Прибирање и анализа на податоци, како и подготовка на извештаи при појава на криминал во комуникациските мрежи. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед во дигитална форензика и форензиката на мрежи. Основни концепти на вмрежување преку Интернет. Злоупотреба на комуникациските протоколи. Извори на докази во комуникациските мрежи. Мрежен сообраќај како извор на доказ. Обезбедување докази преку анализа на мрежен сообраќај. Употреба на статистичка анализа на потоци во форензиката на мрежи. Форензика на безжични локални мрежи. Системи за откривање и спречување на упад во мрежа. Форензика на комутатори, рутери и заштитни ѕидови. Форензика на прокси сервери. Собирање и анализа на записи за настани. Форензика на софтверски дефинирани мрежи. Форензика на Cloud. Форензика на мобилни мрежи. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа, работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 15 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 15 | |||||||
17.3. Активност и учење | 0 | |||||||
17.4. Завршен испит | 70 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и изработени лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Два парцијални испити во текот на семестарот во времетраење од по 120 минути или еден писмен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 120 минути и изработка на практична проектна задача. Во конечната оценка влагуваат поените од испитите, поените од проектната задача, поените од домашните задачи и поените од лабораториските вежби. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Марко Порјазоски | Форензика на мрежи | Факултет за електротехника и информациски технологии | 2021 |