Функции на следење и управување на дистрибутивните системи

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Функции на следење и управување на дистрибутивните системи

Код: 3ФЕИТ09012

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Весна Борозан

Цели на предметната програма (компетенции): Познавање и примена на функциите на следење и управување со дистрибутивните системи, техничките предуслови за нивно извршување и некои од поважните алгоритми за следење и управување со дистрибутивните системи, како и на современите концепциски решенија за управување со оптоварувањата во дистрибутивните системи во услови на инсталирана информациско-комуникациска опрема и слободен пазар на електрична енергија.

Содржина на предметната програма: Цели на следењето и управувањето со работата на дистрибутивните системи: Општи карактеристики на дистрибутивните системи; Потреби од следење и управување со работата на дистрибутивните системи; Потреби од влезни податоци; Систем за следење и управување на дистрибутивните системи (DMS).Функции на следење и управување со дистрибутивните системи: Диспечирање со анализа на тополошката структура на мрежата и операциите ма превклучување; Пресметка на текови на моќности низ мрежата (load flow); Естиматор на состојбата на мрежата; Пресметка на режими со грешка (куси врски); Реконфигурација и оптимална вклопна состојба на мрежата; Реставрација на напојувањето во мрежата; Контрола на напонскиот профил; Индикација на перформансите на мрежата; Пресметка на доверливост; Контрола и нагодување на релејната заштита; Анализа на манипулациите во мрежата под оптоварување. Естимација на состојба на дистрибутивните системи: Алгоритам за проценка на тековите на моќности во дистрибутивна мрежа со минимални расположиви информации. Реконфигурација на дистрибутивните мрежи: Алгоритам за реконфигурација на мрежата заради прераспределба на оптоварувањата; Алгоритам за реставрација на погонот после испад на елемент. Управување со напоните и реактивните моќности: Алгоритам за интегрирано децентрализирано управување со напоните и реактивните моќности. Управување со оптоварувањата во дистрибутивните системи: Карактеристики на оптоварувањата во дистрибутивните системи, Методи за управување на оптоварувањата на широката потрошувачка (Load Side Management); Управување со оптоварувањата во интелигентни дистрибутивни мрежи – концепт на виртуелна електрична централа, концепт на интеграција на електрични возила и уреди за складирање на електрична енергија.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

J. Northcote-Green, R. WilsonControl and automation of electric power distribution systemsTaylor & Francis Group, LLC2007

2

D. Popovic, D. Bekut, V. TreskanicaSpecijalizovani DMS algoritmiDMS Group2004

3

V. Strezoski, D. JanjicSistem regulacije napona radijalnih distributivnih mrezaFTN in Novi Sad, MP Stylos, Novi Sad1996

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

T. GonenElectric Power Distribution System EngineeringMcGraw-Hill, Inc.1986

2

V. BorozanRekonfiguracija srednjenaponskih distributivnih mreza primenom metoda estimacije i optimizacije – doktorska disertacijaETF, Univerzitet u Beogradu1996

3

 Друга актуелна литература од списанија и конференции