| 1. | Наслов на наставниот предмет | Функционирање на пазарите на електрична енергија | |||||||||||
| 2. | Код | 4ФЕИТ09016 | |||||||||||
| 3. | Студиска програма | 3-ЕЕС, 17-РЕЕКС | |||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
| 6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
| 8. | Наставник | Д-р Петар Крстевски | |||||||||||
| 9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Стекнување на напредни познавања од областа на пазарното стопанисување со електричната енергија, типови на пазари на електрична енергија, како и разбирање на влијанието на преносните мрежи врз функционирањето на пазарите и нивно спојување во единствен пазар. |
||||||||||||
| 11. | Содржина на програмата:
1. Електричната енергија како стока на пазар; 2. Потреба од уреден пазар на електрична енергија; 3. Развој на пазарите на електрична енергија и модели на конкуренција; 4. Основи на пазарната економија; 5. Видови на пазари на електрична енергија и нивна организација; 6. Учество на пазарите на електрична енергија; 7. Влијание на електроенергетските преносни мрежи врз пазарот на електрична енергија; 8. Помошни услуги и пазари на помошни услуги; 9. Регионално интегрирање на пазарите на електрична енергија и помошни услуги – Европски целен модел, Алгоритми за спојување на пазарите. |
||||||||||||
| 12. | Методи на учење:
Изработка и презентација на проектни задачи и семинарски работи. |
||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
| 15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
| 16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
| 16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
| 16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
| 17. | Начин на оценување | ||||||||||||
| 17.1 | Тестови | 0 бодови | |||||||||||
| 17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 60 бодови | |||||||||||
| 17.3. | Активност и учење | 0 бодови | |||||||||||
| 17.4. | Завршен испит | 40 бодови | |||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
| од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
| од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
| од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
| од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
| од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Изработени и презентирани семинарски работи. | |||||||||||
| 20. | Начин на полагање на испитот |
Испитот се полага преку изработка и презентација на 4 проектни задачи кои носат по 15 поени. На крај се полага завршен устен испит/презентација кој носи 40 поени. |
|||||||||||
| 21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
| 22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | |||||||||||
| 23. | Литература | ||||||||||||
| 23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
| Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
| 1. | Daniel S. Kirschen, Goran Strbac | Fundamentals of Power System Economics, 2nd Edition | Wiley | 2018 | |||||||||
| 2. | Steven Stoft | Power System Economics: Designing Markets for Electricity | Wiley-IEEE Press | 2002 | |||||||||
| 23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
| Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
| 1. | N. Katic, V. Borozan, S. Halilcevic | Ekonomija elektroenergetskih sistema | CEFES – EU Tempus Project CD JEP-18126-2003 | 2007 | |||||||||
| 2. | Nojavan, Sayyad, Zare, Kazem (Eds.) | Electricity Markets – New Players and Pricing Uncertainties | Springer | 2020 | |||||||||

