Функционирање на пазарите на електрична енергија

Објавено: март 13, 2019

Предмет: Функционирање на пазарите на електрична енергија

Код: 3ФЕИТ09013

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Весна Борозан

Цели на предметната програма: Стекнување на напредни познавања од областа на пазарното стопанисување со електричната енергија, типови на пазари на електрична енергија, како и разбирање на влијанието на преносните мрежи врз функционирањето на пазарите и нивно спојување во единствен пазар.

Содржина на предметната програма: 1. Политика на електроенергетскиот сектор и законски и организациони модели на конкуренцијата: Монопол, Модел на единствен купувач, Трговија на големо, Трговија на мало; 2. Потреба од уреден пазар на електрична енергија, Типови на пазари на електрична енергија: Билатерални договори; Централизирани пазари на електрична енергија; 3. Билатерални договори: Физички договори, Договори за период однапред, Договори за во иднина, Опции, Договори за разлика; 4. Централизирани пазари на електрична енергија: Директен (спот) пазар – Пазар на ден однапред, Дневен пазар на електрична енергија, Пазар на балансна енергија; 5. Пазарни функции на операторите на електропреносните системи: Пазар на помошни услуги: Помошни услуги, Потреба од помошни услуги, Набавка на помошни услуги, Учество на пазарот на балансна енергија; 6. Потреба од регулатива во пазарот на електрична енергија: Регулирани дејности – Преносни и дистрибутивни услуги и оператори на системите, Преносни услуги и оператор на преносниот систем: Децентрализирано тргување преку преносен систем, Централизирано тргување преку преносен систем, Загушувања; 7. Модел на пазар на електрична енергија во Република Македонија: Закон за енергетика, Правила за пазар на електрична енергија, Правила за доделување на преносни прекугранични капацитети на интерконективните врски на електроенергетскиот систем на Република Македонија; 8. Модел на регионален пазар на електрична енергија во Југоисточна Европа.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1F. P. SioshansiCompetitive Electricity Markets: Design, Implementation, PerformanceElsevier Ltd.2008
2C. W. JonesEU Energy Law – Volume 1, The Internal Energy MarketClaeys & Casteels2004
3M. Shahidehpour, H. Yamin, Z. LiMarket Operations in Electric Power Systems – Forecasting, Scheduling, and Risk ManagementIEEE Press, Wiley-Interscience,  A John Wiley & Sons, Inc.2002
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1N. Katic,  V. Borozan,  S. HalilcevicEkonomija elektroenergetskih sistemaCEFES – EU Tempus Project CD JEP-18126-20032007
2D. Buschle, H. Lesjak (Eds.)The Energy Community Legal Framework, 4th EditionEnergy Community Secretariat2017
3 Предавања, презентации, студии, извештаи на стручни работни тела, законски и подзаконски акти и други материјали