Идентификација и естимација

Последна измена: јули 27, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Идентификација и естимација
2. Код 4ФЕИТ01005
3. Студиска програма 6-АРСИ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Душко Ставров
9. Предуслов за запишување на предметот
10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Студентот да се запознае и да ги совлада современите методи за идентификација на динамички системи, со што ќе се оспособи за решавање на проблемите на идентификација во широк спектар области, како технички така и не технички.

11. Содржина на програмата:

Математички модели на линеарни динамички системи и стохастички сигнали, непараметарски модели на континуални системи во фреквентен домен, непараметарски модели на континуални и дискретни системи со корелациона анализа, параметарски модели на континуални и дискретни системи, идентификација на повеќевеличински системи, идентификација на нелинеарни системи, програмски пакети за идентификација, примена.

12. Методи на учење:

Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, студија на случај, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
 17.1 Тестови 0 бодови
 17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
 17.3. Активност и учење 0 бодови
 17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Успешно изработена проектна задача.
20. Начин на полагање на испитот Предвидена е проектна задача, која студентите треба да ја изработат и презентираат во текот на семестарот. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит и/или завршен усен испит. За студентите кои го положиле завршниот испит, и кои претходно, за време на семестарот ја изработиле и презентирале проектната задача, се смета дека го положиле предметот. Во конечната оценка влегуваат поените од завршниот испит и поените добиени од проектната задача.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.број Автор Наслов Издавач Година
1. Rolf Isermann, Marco Munchhof Identification of Dynamic Systems: An Introduction with Applications Springer 2010
23.2.       Дополнителна литература
Ред.број Автор Наслов Издавач Година
1.  Ljung Lennart  System Identification: Theory for the User  Prentice-Hall Inc.  1998