ИКТ дигитални пазари, стандарди и регулатива

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет ИКТ дигитални пазари, стандарди и регулатива
2. Код 4ФЕИТ10Л009
3. Студиска програма ТКИИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/8 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Тони Јаневски, Д-р Александар Ристески, Д-р Владимир Атанасовски, Д-р Валентин Раковиќ
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Цел на предметот е да се опфати областа на претприемништвото и иновациите во областа на Информациските и Комуникациските Технологии (ИКТ) со цел дигитализација во сите сфери. Така, предметот е насочен кон оспосубување на студентот за работа на ИКТ дигиталните пазари засновани на стандардите и регулативата, вклучувајќи ги технолошките, бизнис и регулаторните аспекти.
11. Содржина на програмата: Преглед на ИКТ технологиите и дигиталните сервиси/апликации. Единствен дигитален пазар (Digital Single Market). Улогата на стандардизацијата во ИКТ (примери на стандардизација на ИКТ/телеком технологии). Организација на работа на стандардизациските тела. Регулатива и полиси за дигиталниот пазар и сервис провајдерите (пример: АЕК како телеком регулатор). Регулатива за фреквентниот спектар за мобилни и безжични телекомуникациски мрежи. Развој на ИКТ иновација за дигитален пазар. Менаџирање и финансирање на стартап компании во ИКТ индустријата. Анализа на дигитален пазар. Таргетирање соодветен дигитален пазар, бизнис евалуација на дигитален пазар. Benchmarking и споредбена бизнис анализа во ИКТ областа. Стратегија за развој на бизнис модел и бизнис план во ИКТ областа. Поим за lean и business canvas models. Моделирање преку соодветни примери. Самоевалуација на бизнис можности во ИКТ секторот. Спремност за инвестирање во ИКТ областа. Влијание на подемот на ИКТ врз трендовите во дигиталните бизниси и општеството.
12.Методи на учење Методот на учење е базиран на теоретски предавања на студентите, дополнети со тематски аудиториски вежби, консултации со студентите, како и изработка на семинарски работи или проектни задачи.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 50
16.2. Самостојни задачи 20
16.3. Домашно учење 50
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 40
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 50
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Завршени сите активности по предметот, предавања, аудиторсики и лабораториски вежби.
20. Начин на полагање на испитот Два колоквиуми во текот на семестарот или писмен испит во предвидените испитни сесии. Студентот опционално ќе може да изработи семинарска работа и да ја предаде до крајот на семестарот.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 ITU and The World Bank Digital Regulation Handbook ITU and The World Bank 2020