Индустриски Интернет на нештата

Последна измена: ноември 11, 2019

Предмет: Индустриски Интернет на нештата

Код: 3ФЕИТ01005

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Горјан  Наџински

Цели на предметната програма: Целта на програмата е да ги запознае студентите со концептите на Индустрискиот Интернет на нештата. По положувањето на предметот, студентите ќе бидат способни да имплементираат современи методи на управување, надгледување, оптимизација и безбедност (карактеристични за Индустрискиот Интернет на нештата) при работата со реални индустриски системи.

Содржина на предметната програма: Вовед: основни концепти на Интернет на нештата, Industry 4.0.  Кибер-физички системи во индустријата.  Производствени кибер-физички системи.  Моделирање на кибер-физички системи: математичко моделирање, идентификација, евалуација и верификација на модели.  Комуникација и вмрежување во индустриски услови: индустриски комуникациски протоколи и стандарди, криптографска безбедност на индустриската комуникација.  Улогата на вештачката интелигенција во индустријата: концепт на паметни фабрики (smart factories), алгоритми на машинско учење за управување и оптимизација на индустриски процеси.  BigData: работа со големи количини на податоци, аквизиција, манипулација, и анализа на податоците. BigData во индустрија: прибирање, кондиционирање и организација на податоци во индустриска средина, користење на BigData за интелигентно управување и оптимизација на индустриски процеси и постројки. Преглед на постоечки платформи за Индустриски Интернет на нештата на водечките светски индустриски производители.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

S. Jeschke, et. al.Industrial Internet of ThingsSpringer2017

2

T. Devezas, J. Leitao, A. SarygulovIndustry 4.0Springer2017

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

A. GilchristIndustry 4.0 – The Industrial Internet of ThingsApress2017