Интеграција на енергетските сектори

Последна измена: јули 10, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Интеграција на енергетските сектори
2. Код 4ФЕИТ06007
3. Студиска програма 14-ЕСОР
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Владимир Ѓоргиевски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Стекнување знаење за различни модели на енергетски системи и за улогата на секторската интеграција (електрична енергија, греење и ладење, транспорт и индустрија) во ниско-јаглеродните енергетски системи. Способност за моделирање на едноставен енергетски систем на национално и локално ниво. Капацитет за интерпретација на резултатите од моделите на енергетските системи и нивните ограничувања.

11. Содржина на програмата:

1. Вовед во анализа на енергетски системи. (Декарбонизација на енергетскиот сектор. Секторски интегрирани и паметни енергетски системи; Извори и носители на енергија.). 2. Статичка анализа: (Национални енергетски биланси. Влезно-излезни модели.). 3. Анализа на временски серии. (Енергетско моделирање со помош на временски серии со часовни податоци. Варијабилност и временска комплементарност на енергијата произведена од обновливи извори. Анализа на повеќегодишни податоци од производство на енергија од обновливи извори.). 4. Технологии за секторска интеграција. (Електрификација на греење во згради, централно греење, електрификација на транспорт, водород, синтетички горива.). 5. Симулација на секторски интегрирани локални енергетски системи. (Енергетски заедници; Флексибилност на побарувачката на енергија; Кооперативно управување на елементи од различни енергетски сектори). 6. Симулација на секторски интегрирани национални енергетски системи. (Технички, економски и околински придобивки од секторска интеграција; Индикатори за квантификација на придобивки)

12. Методи на учење:

Предавања поддржани со слајдови, програмирање (опционално), работа на проектни задачи, одбрана на проектни задачи.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 20 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 20 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработка  и одбрана на проектна задача.
20. Начин на полагање на испитот Одбрана на проектна задача.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Kornelis Blok, Evert Nieuwlaar Introduction to Energy Analysis Routlege 2021