1. | Наслов на наставниот предмет | Интеграција на производството од обновливи извори на енергија во електроенергетските системи | |||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ09005 | |||||||||||
3. | Студиска програма | 1-ОИЕ, 3-ЕЕС | |||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
8. | Наставник | Д-р Александра Крколева Матеска | |||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Стекнување знаења поврзани со придобивките и предизвиците кои произлегуваат од интеграцијата на производството од обновливите извори на енергија (ОИЕ) и дисперзирано производство (ДП) во електроенергетските системи (ЕЕС). Оспособеност за изведување на едноставни анализи за конкретни примери на приклучување на производни единици кои искористуваат ОИЕ и нивното влијание врз приликите во електроенергетските мрежи |
||||||||||||
11. | Содржина на програмата:
1. Вовед во проблематиката на интеграција на производството од ОИЕ во ЕЕС – Воведни поими: електроенергетски систем, пренос и дистрибуција на електрична енергија; технологии за производство на електрична енергија од ОИЕ; интеграција на производството од ОИЕ во ЕЕС; ДП во ЕЕС; ниво на учество на производството од ОИЕ во ЕЕС. 2. Проблематика на интеграција на производството од ОИЕ во преносните електроенергетски мрежи – Преглед на актуелните состојби во Европа. Моделирање на ОИЕ и алгоритми потребни за проучување на проблемот на интеграција на производството од ОИЕ во ЕЕС. Технички проблеми поврзани со интеграцијата на производството од ОИЕ врз преносните системи. Потреби од резерви. Работа на ЕЕС со високо ниво на учество на производство од ОИЕ. 3. Проблематика на интеграција на ДП во дистрибутивни електроенергетски мрежи – Преглед на актуелните состојби во Европа. Проблем на интеграција на ДП во мрежа и технички влијанија на ДП врз дистрибутивните мрежи. Мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија – услови за приклучување на ДП. Анализа на напонски прилики и распределба на моќности при различни сценарија на производство и оптоварувања во мрежата. Анализа на работата на дистрибутивна мрежа со 24 часовни дијаграми на производство и оптоварување. 4. Интеграција на производството од ОИЕ во пазарите на електрична енергија. Производството од ОИЕ како можен извор на флексибилност за ЕЕС. |
||||||||||||
12. | Методи на учење:
Предавања со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни и самостојни задачи. |
||||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
17. | Начин на оценување | ||||||||||||
17.1 | Тестови | 0 бодови | |||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 70 бодови | |||||||||||
17.3. | Активност и учење | 10 бодови | |||||||||||
17.4. | Завршен испит | 20 бодови | |||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Завршени домашни задачи. | |||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот |
Предметот се полага со подготовка на самостојни задачи и нивна презентација. По завршување на предвидените задачи по предметот, како завршен испит се подготвува усмена презентација за предметот во траење од 30 минути. |
|||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски | |||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | |||||||||||
23. | Литература | ||||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | L. E. Jones | Renewable Energy Integration – Practical Management of Variability, Uncertainty, and Flexibility in Power Grids (Second Ed.) | Academic Press, Elsevier | 2022 | |||||||||
2. | N. Jenkins et al. | Embedded Generation | The Institute of Engineering and Technology | 2008 | |||||||||
3. | L. Freris, D. Infield | Renewable Energy in Power Systems | John Wiley and Sons, Ltd | 2008 | |||||||||
23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | F. A. Ferret, M. G. Simoes | Integration of Alternative Sources of Energy | IEEE Press, John Wiley and Sons, Ltd | 2006 | |||||||||
2. | M. Bollen, F. Hassan | Integration of Distributed Generation in the Power System | IEEE Press, John Wiley and Sons, Ltd | 2011 |