Интегрални трансформации и нивна примена

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Интегрални трансформации и нивна примена

Код: 3ФЕИТ08006

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставници: Проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, Доц. д-р Сања Атанасова

Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на курсот студентот има напредни математички знаења за повеќе интегрални трансформации, нивните особини и инверзни формули. Студентот е оспособен да примени соодветна интегрална трансформација како математичка алатка за решавање на различни проблеми од областа на применетата математика и инженерството.

Содржина на предметната програма: Значење на интегралните трансформации за инженерството. Основни концепти и дефиниции. Видови трансформации и нивни особини: Фуриеова трансформација, Лапласова трансформација, z-трансформација, кратковременa Фуриеова трансформација (short-time Fourier transform), вејвлет трансформација, Стоквел трансформација. Асимптотски особини на интегралните трансформации. Примена на интегралните трансформации при решавање диференцијални и интегрални равенки, во теорија на редови, интегрално сметање, математичка статистика и инженерство.

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 L. Debnath, D. Bhatta Integral Transforms and Their Applications Chapman&Hall/CRC, second edition 2006
2 K. Grochening Foundations of Time-Frequency Analysis Birkhauser, Boston 2001
Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 B. Davies Integral Transforms and Their Applications Springer 2010
2 J. W. Miles Integral Transforms in Applied Mathematics Cambridge University Press 2008