Интелигентни безжични инфраструктури: технологии и апликации

Последна измена: јули 19, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Интелигентни безжични инфраструктури: технологии и апликации
2. Код 4ФЕИТ10008
3. Студиска програма 11-ИБС, 12-КИТ, 20-ИМСА
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Валентин Раковиќ
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Запознавање со карактеристиките на IoT/MTC мрежни концепти релевантни за изградба на ИКТ инфраструктури. Разбирање на концептот на кратко-дометни мрежи (сензорски мрежи, RFID, NFC) и персонално омрежување (PAN, BAN). Анализа и дизајн на LPWAN мрежи. Елементи на ИКТ инфраструктури и комуникации во облак. Практична имплементација (case study) на различни IoT/MTC безжични технологии. Развој на IoT-базирани сервиси и апликации.

11. Содржина на програмата:

Вовед. Персонални мрежи и сензорски мрежи (IEEE 802.15.x, архитектури, протоколи, апликации). RFID, NFC. Концепт на Интернет на нештата (Internet of Things – IoT). MТС стандарди. Меѓумрежно поврзување во IoT. Поврзување во облак. Aпликации и сервиси поврзани со концептите на IoT (на пр. интелигентни домови, интелигентен транспорт, интелигентни градови.) Иден развој (Internet of Everything – IoE).

12.

Методи на учење:

Предавања, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 30 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит  бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата
20. Начин на полагање на испитот Испит со времетраење од 120 минути и презентација на самостојните работи.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Carles Anton-Haro, Mischa Dohler Machine-to-machine (M2M) Communications Elsevier 2016
2. S. Greengard The Internet of Things MIT press 2015
3. Vojislav B. Misic, Jelena Misic Machine-to-Machine Communications: Architectures, Technology, Standards, and Applications CRC Press 2017