1. Наслов на наставниот предмет | Интелигентни електроенергетски мрежи | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ09Л009 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕС | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Александра Крколева Матеска | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Основи на електрични кола | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување на компетенции поврзани со принципот на работа на интелигентните електроенергетски мрежи, нивните карактеристики, режимите на работа и нивното техно-економско влијание врз електроенергетските мрежи. Разбирање на принципите на работа на различните концепти на интелигеннти мрежи – микромрежи, виртуелни електрични централи, управување со оптоварување. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Дисперзирано прозиводство (ДП) во електроенергетските системи (ЕЕС), причини за приклучување и главни проблеми кои произлегуваат од приклучувањето на ДП во дистрибутивните мрежи. Технички влијанија на ДП врз дистрибутивните системи. Основни дефиниции и поими за интелигентни електроенергетски мрежи (ИМ). Разлики меѓу дистрибутивни мрежи со високо учество на ДП (активни мрежи) и ИМ. Развој на ИМ – карактеристични технологии на ниво на преносен и на ниво на дистрибутивен систем. Улогата на ДП и на потрошувачите во ИМ. Принципи на управување на ИМ и хиерархија во управувањето. Напредни алгоритми за управување на ИМ. Принципи на агрегирање. Реализација на интелигентни мрежи: микромрежи, виртуелни електрични централи, електрични возила, интелигентен дом. | ||||||||
12.Методи на учење Теоретска настава, аудиториски вежби, програмски задачи | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 10 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 80 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Завршени проектни задачи | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Испитот се полага преку два парцијални испита (по 120 min) или завршен испит (120 min). Студентот треба да ги изработи предвидените домашни задачи и проекти и да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. Полагањето на парцијалните испити/завршниот испит се состои од теоретски прашања и задачи. Завршната оценка се определува врз основа на поените добиени од испитите, домашните задачи и проектите, според соодветни тежински коефициенти. За време на испитот не е дозволено користење литература во печатена или електронска форма, како и мобилен телефони, таблети или кој било друг електронски уред. Употреба на калкулатор е дозволена, но не е дозволено користење на мобилни телефони, таблети или слични електронски уреди. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | M. S. Thomas, J. D. McDonald | Power System SCADA and Smart Grids | CRC Press | 2015 | ||||
2 | M. H. J. Bollen | The Smart Grid: Adapting the Power System to New Challenges | Morgan & Claypool Publishers | 2011 | ||||
3 | S. Chowdhury, S.P. Chowdhury, P. Crossley | Microgrids and Active Distribution Networks | The Institution of Engineering and Technology | 2009 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | J. Momoh | Smart Grid: Fundamentals of Design and Analysis | Wiley-IEEE Press | 2012 | ||||
2 | N. Jenkins, R. Allan, P. Crossley, D. Kirschen, G. Strbac | Embedded Generation | The Institution of Engineering and Technology | 2006 |