Интелигентни информациони системи и големи податочни множества

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Интелигентни информациони системи и големи податочни множества

Код: 3ФЕИТ07002

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Цели на предметната програма (компетенции): Работа со Интелигентни системи. Работа со алгоритми од вештачка интелигенција и машинско учење. Анализа на големи податочни множества и агентни системи.

Наставник: Доц. д-р Христијан Ѓорески

Содржина на предметната програма: Работа со големи податочни множества, нивна анализа, разрешување на меѓу-податочна зависност и користење за градење на Интелигентни системи. Обработка и анализа на податоците со користење на различни интелигентни алгоритми од областа на вештачката интелигенција и машинското учење. Алгоритми за анализа на природни јазици (текст, говор – Natural Language Processing), слики, и слично. Имплементирање и евалуација на алгоритмите и моделите со помош на Java или Python околина (Weka, sklearn, tflearn, numpy, matplotlib, pandas).

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Kuhn, M., Johnson, K. "Applied Predictive Modeling" Springer, New York 2013

2

Willi R., Luis P. C. “Building Machine Learning Systems with Python” PACKT 2013

3

Sebastian, R. “Python Machine Learning" PACKT 2015