Интелигентни комуникациски технологии

Последна измена: јули 27, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Интелигентни комуникациски технологии
2. Код 4ФЕИТ10009
3. Студиска програма 11-ИБС, 12-КИТ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Зоран Хаџи-Велков
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Разбирање на методи за моделирање, симулација и дизајн на современи комуникациски системи. Познавање на техники за машинско учење и внесување интелигенција во управување со ресурсите на безжични системи. Познавање на современи технологии за машински тип на комуникација. Способност за примена на методи и алатки за оптимизација во дизајнот на безжични системи.

11. Содржина на програмата:

Методи за моделирање и симулација во телекомуникации. Оценка на перформанси на комуникациски приемници. Методи и алатки за решавање оптимизациски проблеми во безжични комуникации. Дизајн, оптимизација и управување со ресурси на безжични системи. Машинско учење и вештачка интелигенција во телекомуникации, техники за машинско учење, дистрибуирано машинско учење, федеративно и засилено учење. Машински тип на комуникација и Интернет на нешта.

12. Методи на учење:

Предавања, изработка на семинарски работи, решавање на проектни и самостојни задачи, самостојна работа

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на настава / консултации
20. Начин на полагање на испитот

Писмен испит и изработка на семинарска работа / проектна задача. Писмениот испит има времетраење од макс 120 минути, а во текот на истиот е дозволено користење на книги, скрипти, ракописи или белешки.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. S. Shalev-Shwartz and S. Ben-David Understanding Machine Learning Cambridge University Press 2014
2. M. C. Jeruchim, P. Balaban, and K. S. Shanmugan Simulation of Communication Systems Kluwer Academic Publishers (2nd ed) 2002
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Reuven Y. Rubinstein and Dirk P. Kroese Simulation and the Monte Carlo Method  Wiley  2007