Интернет на нешта

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Интернет на нешта

Код: 3ФЕИТ07003

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Вон. проф. д-р Марија Календар

Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на курсот студентите ќе се здобијат со знаење за работа со напредни концепти на безжични и сензорски мрежи и апликации, како и концептите на Internet of Things, вклучувајќи проектирање на соодветни уреди, поврзување на уреди, протоколи на апликациско ниво, рутирачки протоколи, и соодветна мрежна безбедност. Студентите ќе се оспособат за користење на научените концепти преку анализа на архитектури и компјутерски комуникациски технологии за безжични Интернет апликации во најразновидни домени на примена: паметни околини, индустриски и домашни мрежи од уреди, како и примена во сензорски и актуаторски мрежи. Исто така, студентите ќе бидат оспособени за запознавање и разбирање на соодветни  IoT бизнис аспекти и бизнис модели и нивна примена.

Содржина на предметната програма: Особено актуелното и тековно ново развојно подрачје Interent of Things  ја опишува еволуцијата од мрежи кои едноставно поврзуваат дигитални информации, кон мрежи во кои дигиталните информации се поврзуваат со физички уреди од реалниот свет. Internet of Things ги опфаќа сите објекти, места, нешта, продукти и корисници кои се поврзани кон глобална мрежа и можеби опремени со сензори.      Во курсот ќе бидат опфатени сите концепти на новото подрачје Internet of Things, вклучувајќи ги бизнис потребите за развој на ова подрачје и неговите апликации, како и улогата на потребните технологии за негова поддршка (сензори, RFID, NFC, EPC архитектури).      Технологиите потребни за развој на Internet of Things: Безжични IP мрежи и архитектури;  Дизајн  на паметни уреди и архитектури; „Лесни“  IP мрежни протоколи; Поврзување паметни објекти и „многу-мали-нешта“ кон Интернет; Комуникации во повеќе-скокови (multi-hop) и mesh мрежно поврзување; Low power and Lossy Networks (LLN); Вградливи  Web сервиси и Web of Things; Интернет безбедност; Подрачја на примена: RFID системи, комуникација во smart grid системиПредизвици на една ваква архитектура поставени пред безбедноста и приватноста на учесниците и корисниците на Internet of Things.  Бизнис аспекти на Internet of Things. Влијанието на користените технологии за дефинирање на бизнис вредности за фино  набљудување и управување со бизнис процеси преку IoT технологии. Запознавање и разбирање на соодветни потенцијални бизнис модели и нивна примена во специфични конкретни проекти.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Jean-Philippe Vasseur, Adam DunkelsInterconnecting Smart Objects with IP: The Next Internet, 1 editionMorgan Kaufmann2010

2

O. Hersent, D. Boswarthick, O. ElloumiThe Internet of Things: Key Applications and Protocols, 2 editionWiley2012

3

D. Uckelmann, M. Harrison, F. MichahellesArchitecting the Internet of ThingsSpringer2011

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ian G Smith, Ovidiu Vermesan, Peter Friess, Anthony FurnessCluster – 3rd edition of the Cluster Book     The Internet of Things 2012 New HorizonIERC – Internet of Things European Research2012

2

Zach Shelby and Carsten Bormann6LoWPAN: The Wireless Embedded InternetJohn Wiley & Sons, Inc.2010