Интернет технологии

Објавено: октомври 22, 2019

1.    Наслов на наставниот предмет

Интернет технологии

2.    Код

3ФЕИТ10З018

3.    Студиска програма

КТИ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

II/3

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Тони Јаневски

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Програмирање и алгоритми

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Изучување како е организиран Интернет, изучување на Интернет протоколот, IP адресирањето, рутирањето, DNS, основи на TCP/IP комуникација, проучување на различните Интернет сервиси како што се World Wide Web, FTP, комуникација со пораки, електронска пошта, проучување на протоколите и комуникациските концепти како што се SMTP, HTTP, HTML и други. Ќе бидат опфатени и технологиите за пренос на говор преку IP, стриминг видео и мултимедија, како и технологии за сигурност и управување во Интернет.

11.    Содржина на програмата: Вовед во Интернет технологии. Интернет архитектури. Основни протоколи во Интернет (DNS, DHCP, TCP, UDP). Интернет протокол (IP). Мултиплексирање на протоколи во Интернет. Мрежно работење (TCP/IP, клиент-сервер комуникација). Рутирање и комутација на IP пакети. Интернет сервиси (e-mail, FTP, telnet, chat, итн). Web технологија (HTTP, HTML). Мултимедиска комуникација преку Интернет (streaming video & audio). Пренос преку Интернет во реално време (RTP). Пренос на говор преку IP (VoIP). Peer-to-peer мрежи за говор преку Интернет. Квалитет на сервисот во Интернет. Управување во IP мрежи (SNMP). Сигурност при Интернет комуникација (IPsec итн). Интеграција на IP и класичните телекомуникации.

12.    Методи на учење: Методот на учење е базиран на теоретски предавања на студентите, дополнети со тематски аудиториски и лабораториски вежби. Консултации со студентите. Изработка на семинарски работи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

20

16.3. Домашно учење

85

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

0

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

90

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Самоевалуација

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Тони Јаневски

„Интернет технологии“, УКИМ, 2015. (ISBN 978-9989-43-379-5)

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

2015

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Тони Јаневски

"Internet Technologies for Fixed and Mobile Networks", Artech House, USA, 2015. (ISBN: 978-1-60807-921-6)

Artech House, USA

2015

2

Douglas E. Comer

"Internetworking with TCP/IP, Vol.1: Principles, Protocols and Architecture", Prentice Hall

Prentice Hall

2000