Истражувачки проект од областа на дигитално процесирање на сигнали

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Истражувачки проект од областа на дигитално процесирање на сигнали

Код: 3ФЕИТ10

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: О+0+0+6

Наставници: Сите наставници кои можат да бидат ментори на студиската програма (ДПС)

Цели на предметната програма (компетенции): Подготовка на студентот за вршење истражувачка работа, како услов за изработка на магистерската работа. Исто така, оспособување за независна истражувачка работа и развивање научна креативност.

Содржина на предметната програма: Методологија на научно-истражувачката и апликативната работа. Избор и проучување на релевантна литература за истражувањето. Поставување на предмет, методи и цели на истражувањето. Дефинирање на методите на истражување. Собирање и обработка на податоци.  Поставување на експеримент. Поставување на симулациска или лабораториска околина. Подготовка на тези за пријава на магистерска работа.