Истражувачки проект од областа на енергетската електроника

Последна измена: јануари 6, 2020

Предмет: Истражувачки проект од областа на енергетската електроника

Код: 3ФЕИТ18

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:0+0+0+6

Наставници: Сите наставници кои можат да бидат ментори на студиската програма ЕНЕЛ

Цели на предметната програма (компетенции): Добивање знаење од областа на енергетската електроника и подготовка на студентот за вршење истражувачка работа, како услов за изработка на магистерската работа. Исто така оспособување за независна истражувачка работа и развивање научна креативност.

Содржина на предметната програма: Методологија на научно-истражувачката и апликативната работа. Избор и проучување на релевантна литература за истражувањето. Поставување на предмет, методи и цели на истражувањето. Дефинирање на методите на истражување. Собирање и обработка на податоци. Поставување на експеримент. Поставување на симулациска или лабораториска околина. Подготовка на тези за пријава на магистерска работа.