Истражувачки проект од областа на компјутерските мрежи – Интернет на нешта

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Истражувачки проект од областа на компјутерските мрежи – Интернет на нешта

Код: 3ФЕИТ08

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставници: Сите наставници кои можат да бидат ментори на студиската програма (КМ-ИНН)

Цели на предметната програма (компетенции): Оспособување за научна работа и истражувања во областа компјутерските мрежи – Интернет на нешта

Содржина на предметната програма: Методологија на научно-истражувачката и апликативната работа. Избор и проучување на релевантна литература за истражувањето. Поставување на предмет, методи и цели на истражувањето. Дефинирање на методите на истражување. Собирање и обработка на податоци.  Поставување на експеримент. Поставување на симулациска или лабораториска околина. Подготовка на тези за пријава на магистерска работа.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

 Публикации, студии и извештаи на стручни работни тела  

2

 Актуелна литература од релевантни научно-истражувачки списанија и конференции