Истражувачки проект од областа на компјутерски мрежи – интернет на нешта

Објавено: јуни 28, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Истражувачки проект од областа на компјутерски мрежи – интернет на нешта
2. Код 4ФЕИТ08
3. Студиска програма 8-КМ-ИНН
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/2   7. Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Стекнување знаења од соодветната област, како вовед во изработка на магистерскиот труд. Оспособување за независна истражувачка работа и развивање научна креативност.

11. Содржина на програмата:

Методологија на научно-истражувачка и апликативна работа. Избор и проучување на литература релевантна за истражувањето. Дефинирање предмет, методи и цели на истражувањето. Поставување експеримент во реална или симулациска околина. Прибирање и обработка на податоци. Верификација на резултатите преку изработка на семинарска работа или научен труд. Подготовка на тези за пријава на магистерски труд.

12. Методи на учење:

Консултации, изработка на проектна задача, презентации, самостојно учење.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 0 + 6
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 0 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 0 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 45 часови
16.2 Самостојни задачи 45 часови
16.3 Домашно учење 90 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на консултации и изработен предлог проект. 60% успех од сите предиспитни активности
20. Начин на полагање на испитот Подготовка и презентација на проект.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Актуелна литература од релевантни научно-истражувачки списанија и конференции 2022
2. Публикации, студии и извештаи на стручни работни тела 2022