Истражувачки проект од областа на применета математика

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Истражувачки проект од областа на применета математика

Код: 3ФЕИТ13

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови0+0+0+6

Наставници: Сите наставници кои можат да бидат ментори на студиската програма ПМА

Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување знаења од областа на применетата математика, како услов за изработка на магистерската работа. Оспособување за независна истражувачка работа и развивање научна креативност.

Содржина на предметната програма: Методологија на научно-истражувачката и апликативна работа. Избор и проучување на  литература релевантна за истражувањето. Дефинирање предмет, методи и цели на истражувањето. Поставување експеримент во реална или симулациска околина. Прибирање и обработка на податоците. Верификација на резултатите преку изработка на семинарска работа или  труд.