Истражувачки проект од областа на регулативата во енергетиката, електронските комуникации и сообраќајот

Последна измена: јули 13, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Истражувачки проект од областа на регулативата во енергетиката, електронските комуникации и сообраќајот
2. Код 4ФЕИТ17
3. Студиска програма 17-РЕЕКС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/2   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник наставник од студиската програма РЕЕКС
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Добивање знаење од областа на регулативата во енергетиката и/или електронските комуникации и/или сообраќајот и подготовка на студентот за вршење истражувачка работа, како услов за изработка на магистерската работа. Исто така оспособување за независна истражувачка работа и развивање научна креативност.

11. Содржина на програмата:

Методологија на научно-истражувачката и апликативната работа. Избор и проучување на релевантна литература за истражувањето. Поставување на предмет, методи и цели на истражувањето. Дефинирање на методите на истражување. Собирање и обработка на податоци. Поставување на експеримент. Поставување на симулациска или лабораториска околина. Верификација на резултатите преку изработка на семинарска работа или научен труд. Подготовка на тези за пријава на магистерска работа.

12. Методи на учење:

Консултации, проучување на литература, поставување на истражувачка платформа, интерактивни дискусии.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 0 + 6
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 0 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 90 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Пријавена магистерска работа.
20. Начин на полагање на испитот

Испитот се полага со подготовка на семинарска работа за спроведеното истражување. Откако семинарската работа е прегледана и усвоени се забелешките од предметниот наставник, студентот подготвува презентација во траење од 20 минути во која го изложува спроведеното истражување пред предметниот наставник.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Литература соодветна на избраната истражувачка област.