Истражувачки проект од областа на регулативата во енергетиката, електронските комуникации и сообраќајот

Објавено: март 13, 2019

Предмет: Истражувачки проект од областа на регулативата во енергетиката, електронските комуникации и сообраќајот

Код: 3ФЕИТ17

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:0+0+0+6

Наставник: Сите наставници кои можат да бидат ментори на студиската програма РЕЕКС

Цели на предметната програма (компетенции): Добивање знаење од областа на регулативата во енергетиката и/или електронските комуникации и/или сообраќајот и подготовка на студентот за вршење истражувачка работа, како услов за изработка на магистерската работа. Исто така оспособување за независна истражувачка работа и развивање научна креативност.

Содржина на предметната програма: Методологија на научно-истражувачката и апликативната работа. Избор и проучување на релевантна литература за истражувањето. Поставување на предмет, методи и цели на истражувањето. Дефинирање на методите на истражување. Собирање и обработка на податоци. Поставување на експеримент. Поставување на симулациска или лабораториска околина. Подготовка на тези за пријава на магистерска работа.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Статии од меѓународни списанија и зборници на меѓународни конференции, стандарди, препораки, закони и други национални и меѓународни нормативни акти, и друга литература.