Избрани проблеми од економија на јавниот сектор

Последна измена: јули 12, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Избрани проблеми од економија на јавниот сектор
2. Код 4ФЕИТ12004
3. Студиска програма 17-РЕЕКС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Љубомир Кекеновски, Д-р Владимир Филиповски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Со изучувањето на овој предмет, студентот ќе се здобие со знаења и способности за разбирање на: • улогата на јавниот сектор во современите економии од мешан тип; • функционирањето на различните пазарни структури и нивните исходи во однос на алокација на општествените ресурси; • пазарните неуспеси како основа на јавната интервенција во различни економски сектори; • природните монополи како пазарен неуспех во инфрастуктурните сектори и државната интервенција во нивна регулација; • улогата на јавниот сектор во обезбедувањето на јавните добра; • позитивните и негативните екстерналии и јавната интервенција во нивното регулирање; • процесите на регулација, дерегулација и стимулирање на конкуренцијата, и  • формите на партнерство на јавниот и приватниот сектор.

11. Содржина на програмата:

1.Вовед во економијата на јавниот сектор  1.1 Дефинирање на јавниот сектор  1.2 Јавниот сектор во мешана економија  2. Основни елементи на различните типови на пазарни структури 2.1 Совршена конкуренција 2.2 Монопол 2.3 Ологопол 2.4 Монополистичка конкуренција 2.5 Пазарни платформи за тргување со електична енергија  3. Пазарни неуспеси и улогата на јавниот сектор во нивно регулирање 3.1 Природен монопол и инфраструктурните дејности 3.2 Екстерналии – позитивни, негативни, мрежни  3.3 Јавните добра и јавниот интерес  4. Прашањата на регулацијата во јавниот сектор  4.1 Сопственоста и ефикасноста  4.2 Процесот на приватизација во јавниот сектор  4.3 Регулација, дерегулација и конкуренција во јавниот сектор • Концесии, БООТ, БОТ  • Јавно-приватно партнерство (Public-Private Partnership)  • Политика на цени во јавниот сектор (маргинални Ramsey цени)

12. Методи на учење:

Предавања со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни и самостојни задачи

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3+3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 40 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит
20. Начин на полагање на испитот
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Кекеновски д-р Љубомир Економија на јавниот сектор Економски факултет – Скопје 2012
2. Фити Таки, Филиповски Владимир, Трпески Предраг, Ташевска Билјана Економија: Основи на економијата Економски факултет – Скопје 2022
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Jean  Mishel Glashant, Paul Joskow, and Michael Pollitt (editors)  Handbook on Electricity Markets  Edward Elgar  2021
2.  Предавања, презентации, студии, извештаи на стручни работни тела, законски и подзаконски акти и други материјали