Избрани проблеми од економија на јавниот сектор

Објавено: март 13, 2019

Предмет: Избрани проблеми од економија на јавниот сектор

Код: 3ФЕИТ11004

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставници: Проф. д-р Владимир Филиповски

Цели на предметната програма (компетенции): Познавање на суштината, значењето и функционирањето на јавниот сектор, познавање на домените на пазарен неуспех, а особено на природните монополи и разбирање на потребата и концептите (пристапите) за нивна регулација.

Содржина на предметната програма: 1. Основни поими на побарувачката и понудата 2. Основи на теоријата на производството и трошоците 3. Типологија на пазарните структури 4. Домени на пазарен неуспех 5. Природни монополи – економската суштина на концептот, специфики и загуби од постоење на монополи 6. Регулација на природните монополи – суштина на економската регулација, различни пристапи и концепти 7. Зауздување на моќта на монополите преку комбинација на пазарните сили и владината регулација 8. Регулација на другите домени на пазарен неуспех – јавни добра, екстерналии и сл.

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Џозеф Стиглиц Економија на јавниот сектор Табернакул 2009
2 Таки Фити Новата микроекономија и државната регулација Економски факултет Скопје 2009
Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Таки Фити Економија -Основи на економијата Култура Скопје 2016
2 N. Gregory Mankiw Principles of Economics Thompson Higher Education 2007
3 Dennis W. Carlton, Jeffrey M. Perloff Modern Industrial Organization (4th International Edition) Addison Wesley 2005