Компјутациона интелигенција

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Компјутациона интелигенција

Код: 3ФЕИТ01007

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Весна Ојлеска Латкоска

Цели на предметната програма (компетенции): Во фокусот на оваа предметна програма се концептите, парадигмите, алгоритмите, и начините на имплементација на комјутационата интелигенција (КИ), со нагласок на нивни можни практични апликации во инженерството.  По завршувањето на овој курс, студентот ќе имаат разбирање за: основните модели во компјутационата интелигенција; примена на фази логика, невронски мрежи, генетски алгоритми, и други алгоритми во КИ; примена на техниките од КИ и начинот на нивно искористување за решавање на проблеми во реалниот свет; комбинирање на различните техники и избор на најсоодветната техника за моментално поставениот проблем.

Содржина на предметната програма: Компјутационата интелигенција (КИ) претставува множество од компјутациони методологии и пристапи, инспирирани од природата, наменети за решавање на комплексни проблеми од реалниот свет, за кои традиционалните пристапи (на пример моделирањето според основните физички законитости или експлицитното статистичко моделирање) се неефективни или неизводливи. Предметната програма ги опфаќа следните теми: 1. Вовед: преглед на односувањата во биолошкиот свет од кои се мотивирани методологиите во состав на КИ. 2. Oднос помеѓу трите основни компоненти на КИ (еволутивна компјутација, невронски мрежи, и фази логички системи) и како истите се комбинираат и/или се интегрирани во еден КИ систем. 3. Основни концепти и парадигми на еволутивната компјутација: генетски алгоритми, еволутивно програмирање, еволутивни стратегии, оптимизација на рој (колонија) од честички 4. Имплементација на еволутивната компјутација 5Вештачки невронски мрежи: терминологија и составни елементи на невронските мрежи; преглед на различните топологии на невронските мрежи; учење кај невронските мрежи; хибридни мрежи и рекурентни мрежи; проблеми на пред-процесирање и пост-процесирање. 6. Имплементација на невронските мрежи. 7. Фази-логички системи: анализа и дизајн на фази-логичките системи; специјални поглавја поврзани со фази-логичките системи. 8. Имплементација на фази-логичките системи. 9. Имплементација на компјутационата интелигенција.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

R. C. Eberhart, and Y. ShiComputational Intelligence: Concepts to ImplementationsMorgan Kaufmann2011

2

Andries P. EngelbrechtComputational Intelligence: An Introduction, 2nd EditionJohn Wiley2007

3

James M. Keller, Derong Liu, and  David B. FogelFundamentals of Computational Intelligence: Neural Networks, Fuzzy Systems, and Evolutionary ComputationWiley-IEEE Press2016

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Jyh-Shing Roger Jang, Chuen-Tsai Sun, Eiji MizutaniNeuro-Fuzzy and Soft Computing (A Computational Approach to Learning and Machine Intelligence)Prentice Hall1997

2

Robert E. KingComputational Intelligence in Control EngineeringCRC Press1999

3

Witold PedryczComputational Intelligence: An IntroductionCRC Press1997