Компјутерски вештини и алатки – практикум

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Компјутерски вештини и алатки – практикум

2.    Код

3ФЕИТ07З011

3.    Студиска програма

КТИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/5

7.    Број на ЕКТС

3.00

8.    Наставник

Д-р Марија Кацарска

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Здобивање со вештини за работа во Linux ОС, како и работа со софтверски алатки за уредување на документи, табеларни пресметки, презентации, цртање блоковски шеми. По завршување на курсот студентите се здобиваат со основните вештини за работа на компјутерски систем и пишување на солидни документи: семинарски и дипломски работи.

11.    Содржина на програмата: Основни поими за оперативни системи. Вовед во Linux. Дрво на именици. Основни команди.  Апсолутни и релативни патеки. Дозволи на датотеки и именици. Прикажување и филтрирање датотеки. Уредувачи на текст во терминал: vi и vim. Графички уредувачи на текст: MS Word – напредни можности (форматирање, стилови, наслови, автоматска содржина, следење на промени во документ). Latex како систем за уредување документи. Структура на документ и дефинирање елементи.  Програми за работа со табеларни пресметки. Ќелии и табели. Форматирање. Формули. Функции. Подредување. Филтрирање.  Изработка на презентации. Концепти. Програми за изработка на презентации. Дизајн на слајдови. Анимации и транзиции. Алатки за цртање дијаграми и технички цртежи. Програмски блок дијаграми. Преглед на алатките на Open Office: Текстуален уредувач (Writer), табеларен уредувач (Calc), уредувач на презентации (Impress), уредувач на формули (Math).

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби

13.    Вкупен расположив фонд на часови

0 + 1 + 2 + 0

14.    Распределба на расположивото време

90

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

0

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

10

16.2. Самостојни задачи

25

16.3. Домашно учење

10

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

40

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Nathan Clark

Linux: Ultimate Beginner’s Guide, Vol. 1

CreateSpace Independent Publishing Platform

2016

2

Joe Habraken

Office 2016 In Depth, 1st Ed.

Que Publishing

2015

3

George Grätzer

Practical LaTeX

Springer

2014

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Stefan Kottwitz

LaTeX Cookbook

Packt Publishing

2015

2

Prof James Steinberg

Open Office Basic: An Introduction

CreateSpace Independent Publishing Platform

2012