Компјутерски и нумерички методи во метрологија

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Компјутерски и нумерички методи во метрологија

Код: 3ФЕИТ03003

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Марија Чундева-Блајер

Цели на предметната програма (компетенции): Систематско разбирање и усовршување на методите на истражување поврзани со моделирање и нумеричко пресметување во метрологијата, -Разбирање, проектирање, примена и адаптација на напредни модели во метрологијата, -Критичка анализа, евалуација и синтеза на нови и комплексни модели на мерни уреди и системи.

Содржина на предметната програма: Вовед во компјутерски и нумерички методи во метрологијата. Методи за анализа на мерни уреди и нивните метролошки карактеристики. Моделирање, идентификација и анализа на системи во метрологијата. Нумерички методи во метрологија. Методи за анализа на нелинеарни појави во метролошки уреди и системи (метод на конечни диференци, метод на гранични елементи, метод на конечни елементи, хибридни методи). Статичка и динамичка анализа на метролошките карактеристики на мерните уреди. Примена на детерминистички и стохастички оптимизациски методи за метролошко усовршување и оптимирање на мерни системи и уреди.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1F. Pavese, A. B. ForbesData Modeling for Metrology and Testing in Measurement Science (Modeling and Simulation in Science, Engineering and Technology),Birkhauser Boston, Springer Science+Business Media, LLC2009
2F. Pavese, M. Bаer, J-R Filtz, A. B. Forbes, L. Pendrill, K. ShironoAdvanced Mathematical and Computational Tools in Metrology and Testing: AMCTM (Series on Advances in Mathematics for Applied Sciences)World Scientific Publishing Co. Pte. Ltd.2012
3A. MorrisMeasurement and Instrumentation PrinciplesButterworth-Heinemann Linacre House, Oxford2001
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1J.BeyonLabVIEW Programming, Data Acquisition and AnalysisPrentice Hall2001
2G. Johnson R. JenningsLabVIEW Graphical ProgrammingMcGraw Hill2006