1. Наслов на наставниот предмет | Компјутерско моделирање во електроенергетиката | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ04Л008 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕПМ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/8 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Софија Николова-Поцева | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Преносни и дистрибутивни системи, Експлоатација на електроенергетски постројки | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување стручни знаења за компјутерско моделирање на елементи и процеси во електроенергетиката. Развивање на способност за анализа на состојби и процеси во електроенергетските постројки. Користење на специјализиран софтвер за решавање на конкретни проблеми во електроенергетиката. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Концепти за компјутерско моделирање. Типови на модели. Симулациони модели. Моделирање на елементи од електроенергетски систем. Методи за пресметка на текови на моќност и напони на јазли во сложени електроенергетски мрежи. Моделирање на термоелектрични и хидроелектрични централи за решавање на оптимизациони проблеми. Оптимална распределба на моќности помеѓу производните капацитети со уважување на напонските прилики. Моделирање на управувачки системи во електроенергетиката. Матрични методи за пресметка на струи на куси врски на собирници во разводни постројки. Моделирање на хибридни енергетски системи со интегрирани производни капацитети на обновливи извори на енергија. Користење на специјализирани софтверски пакети: MATLAB (Simulink, SimPowerSystems, Otimization Тoolbox, Control System Toolbox), MATPOWER, Power World Simulator, NEPLAN, HOMER, за решавање на конкретни проблеми во електроенергетиката. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери и примена на специјализиран софтвер за анализи и пресметки во електроенергетиката | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 0 | |||||||
16.3. Домашно учење | 105 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 0 | |||||||
17.3. Активност и учење | 0 | |||||||
17.4. Завршен испит | 100 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Преку два парцијални писмени испити (времетраење по 2 часа секој) или завршен писмен испит на целиот наставен материјал од предметот (времетраење 2 часа). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити/завршниот испит. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Jizhong Zhu | Optimization of Power System Operation | Wiley-IEEE Press | 2009 | ||||
2 | J Arrillaga, N. R. Watson | Computer Modelling of Electrical Power Systems | JOHN WILEY & SONS, LTD | 2001 | ||||
3 | М. Calovic, A Saric | Osnovi analize elektroenergetskih mreza i sistema | Akademska Misao | 2004 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | A.Ordys, A.W. Pike,M.A.Johnson, R.M. Katebi, M.J. Grimble | Modeling and Simulation of Power Generation Plants | Springer Verlag | 1994 | ||||
2 | Federico Milano | Power System Modelling and Scripting | Springer | 2010 |