Комплексни мрежи

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Комплексни мрежи

Код: 3ФЕИТ08008

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Вон. проф. д-р Весна Андова

Цели на предметната програма (компетенции): После завршување на овој курс студентот треба да ги има совладано основните поими од теорија на графови и  различни модели на случајни графови.  Ќе се изучување на различни мери кај комплексните мрежи (големите графови )  и нивна примена кај различни реални мрежи.

Содржина на предметната програма: Вовед во терија на графови.  Веројатностна метода: основна метода, линеарност на математичко очекување, втор момент. Различни модели на  случајни графови: Erdos-Reny-ев модел, модел на Watz-Strogatz, Barabasi модел и други.  Прагова функција.  Проток. Големи мрежи: мал свет, бескални мрежи, самослични мрежи. Мери за централност и важност, ранливост на мрежи, корелација на степените на темињата, коефициент на групирање и други мери. Идентификација на заедници и мотиви. Динамика на мрежи.  Анализа на различни релни мрежи (биолошки мрежи, транспортни мрежи, фулерени  и наноцевки како графовски структури, итн).

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 A.Byondy, U.S.Murty Graph Theory Springer 2008
2 M. Newmann Networks: An Introduction Oxford University Press 2010
3 E.Estrada The Structure of  Complex Networks Oxford University Press 2012