Комуникациски технологии

Последна измена: октомври 24, 2019

1.    Наслов на наставниот предмет

Комуникациски технологии

2.    Код

3ФЕИТ10З020

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/5

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Александар Ристески, Д-р Борислав Поповски, Д-р Валентин Раковиќ, Д-р Венцеслав Кафеџиски, Д-р Владимир Атанасовски, Д-р Зоран Хаџи-Велков, Д-р Лилјана Гавриловска, Д-р Марко Порјазоски, Д-р Перо Латкоски, Д-р Славче Пејоски, Д-р Томислав Шуминоски, Д-р Тони Јаневски

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со структура на телекомуникациски систем, со поимот за информација, со добивањето и обработката на основните типови на податоци, со основите на дигиталната модулација и демодулација. Запознавање со организација на протоколниот стек, основните медиуми за пренос на информации, основните протоколи во интернет, основните интернет сервиси и основите на безбедност во интернетот. Запознавање со типовите на телекомуникациски мрежи и распознавање на нивните основни технички карактеристики.

11.    Содржина на програмата: Вовед и основни поими. Елементи на комуникациски систем. Поим за информација. Аналоген и дигитален пренос на информации. Земање на примероци, квантизација и кодирање. Медиуми за пренос: бакарни кабли, оптички влакна, слободен простор како медиум за пренос. OSI i TCP/IP слоевити модели. Интернет протокол (IP). Адресирање и рутирање. Основни протоколи во Интернет (DNS, DHCP, TCP, UDP). Интернет сервиси (e-mail, FTP, telnet, chat, итн). Web технологија (HTTP, HTML). Сигурност при Интернет комуникација. Податочни мрежи (LAN, WLAN, WAN итн.). Основни карактеристики на телекомуникациски мрежи: пристапни (ADSL, DoCSiS, FTTx),  дифузни (DVB, DAB), мобилни (2G, 3G и 4G), кратко дометни (WSN, Bluetooth, RFID, NFC). Идни правци во информациско-комуникациските технологии.

12.    Методи на учење: Интерактивни предавања и вежби, самостојни и групни проекти, домашни задачи, работилници и семинари

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

20

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

70

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

15

17.3. Активност и учење

5

17.4. Завршен испит

60

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и комплетно изработени лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

J. G. Proakis, M. Salehi Communications systems engineering Prentice Hall 2002

2

Ray Horak Telecommunications and Data Communications Handbook Wiley-Interscience 2008

3

T. Anttalainen, V. Jääskeläinen Introduction to Communication Networks Artech House 2014

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Б. П. Латхи Современи дигитални и аналогни комуникациски системи Oxford University Press 1998

2

Тони Јаневски Интернет технологии Интерна скрипта на ФЕИТ 2007

3

A. L. Garcia Communication Networks: Fundamental Concepts and Key Architectures Mcgraw-Hill 2003