Конвексна оптимизација со примена

Последна измена: јули 28, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Конвексна оптимизација со примена
2. Код 4ФЕИТ11003
3. Студиска програма 11-ИБС, 12-КИТ, 13-ПМА, 21-ПНМИ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Зоран Хаџи-Велков, Д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Разбирање на теоријата на конвексна оптимизација. Способност за препознавање, за моделирање и за решавање на оптимизациски проблеми во инженерството.

11. Содржина на програмата:

Вовед во математичка оптимизација. Конвексни множества. Конвексни функции. Операции што запазуваат конвексност. Линеарно програмирање. Квадратно програмирање. Семидефинитно програмирање. Лагранжова дуалност. Услови за оптималност. Методи за решавање на конвексни проблеми со и без ограничувања. Софтверски алатки за решавање на конвексни оптимизациски проблеми. Препознавање и моделирање на конвексни оптимизациски проблеми во инженерството.

12. Методи на учење:

Предавања, семинарски работи, проектни и самостојни задачи, самостојна работа.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовнa посета на настава / консултации
20. Начин на полагање на испитот

Изработка и презентација на семинарска работа / проектна задача; писмен испит. Писмениот испит има времетраење од најмногу 120 минути, а во текот на истиот е дозволено користење на книги, скрипти, ракописи или белешки.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. S. Boyd and L. Vandenberghe Convex Optimization Cambridge University Press 2004
2. D.G. Luenberger и Y. Ye Linear and Nonlinear Programming Springer 2016
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  P. Venkataram Applied Optimization with MATLAB Programming John Wiley and Sons  2009