Кооперативни комуникации

Објавено: февруари 12, 2019

Предмет: Кооперативни комуникации

Код: 3ФЕИТ10014

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Зоран Хаџи-Велков

Цели на предметната програма (компетенции): Познавање на техники и методи за комуникација помеѓу 3 и повеќе комуникациски партнери и кооперативен диверзитет.

Содржина на предметната програма: Безжични релејни канали. Капацитет на кооперативни канали. Капацитивен регион на системи со три јазли. Кооперативен диверзитет, стратегии за мал и голем однос сигнал-шум. Кооперативни комуникации со едно реле. Транспарентни и регенеративни релејни техники. Анализа на перформанси на различни кооперативни протоколи. Кодирана кооперативност. Дизајн на кодови.  Дистрибуирано просторно-временско и просторно-фреквентно кодирање. Дистрибуирано мрежно кодирање.   Кооперативни комуникации со повеќе јазли. Дистрибуирана оптимизација на системот. Оптимална алокација на моќноста.  Кооперативни техники со избор на реле. Зголемување на покриеноста преку кооперативност. Алгоритами за доделување на релиња. Кооперативни и релејни мрежи.   Кооперативни целуларни мрежи. Мрежни модели, мрежен капацитет. Кооперативни техники со повеќекратен пристап. Дистрибуирано кооперативно рутирање. Примена на кооперативните комуникациски техники во телекомуникациските системи од следна генерација.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Mischa Dohler, Yonghui LiCooperative Communications: Hardware, Channel & PHYWiley2010
2K. J. Ray Liu, A. K. Sadek, W. Su and A. KwasinskiCooperative Communications and NetworkingCambridge University Press2009