Квалитет на електрична енергија од ОИЕ

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Квалитет на електрична енергија од ОИЕ

Код: 3ФЕИТ02014

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Горан Рафајловски

Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно завршување на овој предмет, кандидатот ќе се запознае со поимите на квалитет на електричната енергија поврзани со производството на електрична енергија од ОИЕ. Исто така кандидатот ќе се оспособи да користи стандарди за испитување на квалитетот на електричната енергија од ОИЕ  и да изработува испитни протоколи.

Содржина на предметната програма: Начини на процена на повратни влијанија кон мрежата од ЕЕУ кои се составен дел на една електрична централа базирана на ОИЕ. Можности за мерење и проценка на фликерот, промената на напон, реактивната енергија и вишите хармоници. Пресметување на релативното зголемување на напон ΔuAn во  мрежата од страна на повеќе производни постројки базирани на ОИЕ на секоја соодветна точка на приклучување. Услови за приклучување на мрежа на електрични постројки базирани на ОИЕ од аспект на задоволување на квалитетот на напонот согласно со стандардот ЕN50160. Активна компензација на вишите хармоници. Структура на активни филтри.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

W.Hofmann, J.SchlabbachREACTIVE POWER COMPENSATION A PRACTICAL GUIDEJohn Wiley & Sons Ltd2012

2

Math.H.J. BollenUNDERSTANDING POWER QUALITY PROBLEMSIEEE Press, New York,20102010

3

Prevod: Горан Rафајловски, Крсте Најденкоски и Љубомир НиколоскиTEНИЧКИ ПРАВИЛА ЗА ПОВРАТНИТЕ ВЛИЈАНИЈА НА МРЕЖАVDEW2007

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

G. Rafajlovski, K.Najdenkoski, Lj. Nikoloski, H.HaidvoglPOWER QUALITY MONITORING AND SAMPLE SIZE ANALYSIS BEYOND EN50160 AND IEC 61000-4-30CIRED 20132013